„Ќерка ми растеше во сиромаштија“, Дино Мрлин искрено за семејството

Балканскиот пејач и кантаврор  Дино Мерлин ретко кога говори за својот приватен живот, но неодамна откри детали за сопругата Амел и неговите две деца синот Хамза и ќерката Наида. Тој вели дека е среќен човек што успеал да ја најде вистинската љубов и што е горд татко на своите деца.

„Човек мора да има многу среќа за да ја најде вистинската љубов. За жал ја немаат сите во животот. Јас ја имав таа среќа на 17 години да ја запознам Амел. За неа мислев дека е најважната личност во светот и дека можев да ѝ дадам сè“, изјави Дино Мерлин.

Пејачот раскажа и за своите деца. Тој вели дека тие не сакаат премногу да се експонираат во јавноста. Хамза Дервишхалидовиќ има 26 години, се школувал во Берлин, а студирал менаџмент и политички науки во Истанбул. Ретко се појавува пред камерите а во одредени периоди учествувал во некои од проектите на татко му. Многумина им велат дека Хамзи е копија на Дино кога бил млад.

Наида за разлика од нејзиниот брат е скромна и не ја интересираат материјални работи, вели Дино.

„Наида се роди за време на моите почетоци во кариерата. Таа порасна во сиромаштија и веројатно затоа е скромна. Кога се роди Хамза, немавме финансиски проблеми и се навикнавме да му дадеме сè што ќе посака. Кога ќе го прашам што му треба, тој веќе има листа на желби“, вели Мерлин.

Тој за Новогодишната ноќ ќе пее на плоштадот во Скопје.

 

Scroll to Top