Ќерката на Аница Добра стана актерка

Мина Совтиќ, ќерката на актерката Аница Добра тргна по стапките на мајка си. Таа се појави во последната епизода на популарната српска серија „Убијците на мојот татко“. Таму ја глумеше Даниела, љубовницата на убиениот пејач Луне.

Публиката не штедеше комплименти за изгледот на Мина и ја споредија со нејзината мајка. Но, тие ја пофалија и нејзината глума, предвидувајќи ѝ блескава кариера.

Мина е студент на факултетот за драмски уметности во Белград, а улогата на Даниела беше нејзина прва телевизиска улога.

„Мајка ми никогаш не ме терала да бидам актерка, иако тој свет отсекогаш ми бил близок. Единствената привилегија што ја имав од нејзината работа е што патував и запознавав различни култури“, изјави неодамна Мина во емисијата „Јас тоа така“.

Мина е ќерка на Аница Добра и претседателот на фудбалскиот клуб „Дорќол“, Миодраг Миќо Совтиќ.

 

Scroll to Top