Ќерката на Ѓорѓе Балашевиќ го пријавила сопругот за семејно насилство

Актерката Јована Балашевиќ, ќерка на познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, во саботата го пријавила својот сопруг Александар Јовановиќ, поранешен претседател на градското собрание на Нови Сад, за семејно насилство.

Како што пишуваат српските медиуми, Јована дошла во нивниот семеен стан, каде живеела со сопругот, да ги подигне работите и да се исели, потоа дошло до вербална пресметка кога Александар упатил низа навреди кон неа, а потоа ја заклучил Јована во станот. Јована потоа и се јавила на нејзината мајка, која контактирала со полиција, а набргу потоа Јовановиќ го отклучил станот и ја пуштил да излезе.

Јована во полиција изјавила дека со години трпи психичко насилство и дека Јовановиќ ја нарекува луда и и вели дека треба да се лекува и да пие лекови, пренесува „Телеграф“.

„Не би зборувала ништо на таа тема, поради децата и семејството. Точно е дека го пријавив сопругот, постапката е во тек. Тоа е сè што можам да кажам засега, ве молам разберете ме“, изјавила Јована за српски Блиц.

На Александар Јовановиќ по интервенција на полицијата изречена му е итна забрана за задржување и против него обвинителството поднесе кривична пријава во редовната постапка за семејно насилство, пренесува споменатиот портал.

Инаку, двајцата имаат две малолетни деца, од вонбрачна заедница.

Против Јовановиќ обвинителството поднесе кривична пријава за семејно насилство.

Scroll to Top