Ќерката на Карлеуша стана манекенка, ја отвори Модната недела во Србија

Ќерката на српската пејачка Јелена Карлеуша, Атина Тошиќ која има 14 години се појави како манекенка на еден моден настан.

Во Нови Сад се одржа ревија на брендот Лачер во рамките на настанот „Србија Фешн Вик“. Ревијата ја отворила ќерката на пејачката.

Карлеуша на социјалните мрежи сподели фотографија од настанот.

„Моето бебе Атина на нејзината прва ревија за вистински модели. Иако има само 14 години, таа е вистински модел, а ја имаше честа да ја отвори ревијата“, напиша Јелена.

 

Scroll to Top