Уна Чолиќ, ќерка на големата регионална музичка ѕвезда Здравко Чолиќ е активна на социјалните мрежи. Таа овој пат на Инстаграм објави фотографии од одморот и не ги остави рамнодушни следбениците.
Некои беа воодушевени од локациите на кои патува, додека други беа воодушевени од нејзината завидна фигура и фотографии во костим за капење.
„Уна има убав живот, ужива како никој друг“, „Ти си преубава“, „Природна убавица“, беа само дел од комплиментите кои нејзините следбеници ги напишаа под нејзините објави. Инаку, Уна има повеќе од 46.000 следбеници на Инстаграм.
Здравко Чолиќ еднаш за Аваз призна дека не ги одобрува нејзините фотографии, но и дека Уна е сосема поинаква од него.
„Таа само слика нешто. Ја карам, не ми се допаѓа, но не можам да и забранам. Таа е таква… Едноставно, комуницира со луѓе, сака да се слика. Никогаш не сум бил таков, колку помалку, толку подобро, само кога морам, а таа е само на телефон, што да правам“, вели тој.