Ќерката на Здравко Чолиќ е во врска со синот на Драгана Мирковиќ, тврдат српските медиуми

Уна, ќерката на Здравко Чолиќ и Марко, синот на Драгана Мирковиќ, се во љубовна врска, тврдат српските медиуми. Уна и Марко биле заедно во познат ресторан со јапонска храна во Белград, а Марко објави слика на инста-стори.

Иако медиумите пишуваат дека тие излегле на романтична вечера, не е тајна дека Уна и Марко се познаваат долги години, дека се дружеле и претходно, бидејќи нивните родители се блиски пријатели.

Сепак, двајцата веќе некое време го привлекуваат вниманието на социјалните мрежи и имаат голем број следбеници. Уна често споделува провокативни слики во бикини, а Марко е познат по љубовта кон автомобилите, која ја наследил од својот татко.

Scroll to Top