Да потсетиме, актерот, меѓу другото, иронично порача дека Цеца е Шекспир на денешницата, како и тоа дека таа е последица на повеќедецениското константно бомбардирање на општеството со кич, невкус и неморал.
Сега реагира и Ева Рас, која го нападна својот колега поради овие зборови.
„Бев негов фан, а сега го губи компасот и пропаѓа. Глоговац не смее да плука по Цеца затоа што таа собира и по 100.000 луѓе на стадион. Кога тој со „Хамлет“ ќе собере толку луѓе, може да се буни. Кој ја допира Цеца, значи дека допира до сите тие луѓе во Србија затоа што сите тие ја сакаат. Вели дека Цеца е Шекспир на денешницата, а го игра 50 години Хамлет со својата седа глава. Па сите знаеме дека трагедијата на Хамлет е во тоа што на 20 години го изгуби таткото. Ако на него толку му смета Цеца, тогаш тој треба да се бори против стариот Хамлет, а не да биде и тој еден од старците“, изјави Ева Рас и потоа жестоко го критикува филмот „Република“ во кој Глоговац глуми.
„Филмот „Република“ на Рајка Грлиќ, во кој Глоговац глуми, е многу лош. Не може да ме убеди ни цела арена дека тоа е добар филм. Знам куп хомосексуалци, тие воопшто не изгледаат така кич како Глоговац во филмот“, изјави актерката, која не застана тука.
„Се вџашив кога слушнав дека Глоговац има школа за актерство и дека месечната обука кај него чини 5.600 динари. Има веројатно 30 лица што учат глума кај него, а на големиот ФГУ, кога јас студирав, нѐ имаше шестмина. Не можете со триесетина да работите, ова е специфична професија“, заклучи Ева Рас.