Кој ќе пее на свадбата на Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ?

By

За венчавката на Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ се пишува и зборува на големо во јавноста, а нема сомнение дека тоа ќе биде свадба на годината. Лепа Брена и Боба Живоиновиќ, како што истакнаа, ќе се потрудат заколнувањето на вечна љубов меѓу младенците да биде помпезно, дури и од повеќе од нивното пред неколку децении.

Ацо Пејовиќ во едно свое интервју откри дека, иако на оваа свадба ќе се појави како кум, сепак ќе се фати и за микрофонот со цел да го засили славењето.

За многумина, нема сомнение дека тоа ќе го направи и самата Пријовиќ. Исто така, за блиските пријатели нема сомнение дека на свадбата ќе пее и Лепа Брена, како и многубројни пејачки ѕвезди што ќе се најдат на листата на поканети.

На прашањето што им подготвил Ацо Пејовиќ на младенците за подарок, одговори:

„Сѐ уште размислувам дали мојот подарок за нив ќе биде во плик или ќе им подарам нешто друго. Не знам, ќе видиме“, изјавил Пејовиќ во емисијата „Гламур“.

 

 

Ќе ви се допадне