Контроверзната Србинка кажа ДА: “Пукнете душмани, се мажам за криминалец”

Атина Ферари, старлетата од Србија и учесничка во Парови, објави дека се верила.

– Време е да ве известам драги мои, реков ДА, мојата врска е крунисана, имам личност која искрено ме сака. Прави се за мене и секогаш е тука, ми помага, ме води на места каде не сум била. Ми помага и здрава и болна, ме мази, ме пази, ме задоволува во кревет како јас сакам, способен е слободен и јак! Спремам венчаница, веќе сум најсреќна, ќе бидам жена на криминалец, пукнете душмани, напиша таа.