Концерт на „Бијело дугме“ утре во Охрид

Утре на стадионот „Билјанини извори“ во 22.30 концерт ќе одржи еден од најпопуларните музички бендови „Бјело дугме“. Ова е прв „опен ер“ концерт на кој пред повеќе од 10 илјади посетители ќе настапат  Горан Бреговиќ, Младен Војичиќ- Тифа и Ален Исламовиќ.

Цените на билетите се 600 денари за партер, 900 за фан-пит и 1500 за ВИП-седишта. Ова е втор пат бендот годинава како доаѓа во Македонија. Тие на 8 април одржаа голем концерт во Скопје.

Scroll to Top