Концерт на Буч Кесиди во Македонија

На 5 јули на Стадионот на АРМ во Скопје најавен првиот голем “open air”, соло концерт на реално најголемиот регионален млад бенд, Буч Кесиди во Македонија.

После распродадените концерти на Ташмајдан во Белград, Шалата во Загреб, Спенс во Нови Сад и 7 последователни концерти во Сакс во Загреб, со кои го потврдија статусот на моментално најголем млад бенд во регионот, после неколку фестивалски настапи во Скопје и низ Македонија, српското електро – рок дуо Буч Кесиди доаѓа и во Скопје со голем соло концерт на отворено.

Гласна музика, џускање, еуфорија, светкави костими и заразни битови – со спојот на инди – рок и синт – поп како своевидна друштвена хроника на љубовниот живот на младите и адолесцентите, во 2019 година, Буч Кесиди го освојуваат регионот и ги воспоставуваат сингловите ,,Нема љубави у клубу” и ,,Недеља ујутру” како химни на една цела генерација на млади во регионот.

Буч Кесиди се единствениот млад бенд кој успешно ги спои ,,андерграундот” и комерцијалното, со што станаа еден од најпотентните бендови во регионот. Влезниците ќе бидат во продажба од петок (17ти мај) во 09 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по следните цени и категории:

Scroll to Top