Кога сме кај затворањето на круговите со „30 години Авалон“, мора да се навратиме на едно име кое е важно за нас, а среќа и за вас. И ние си имавме наша транзиција во работата, која започна во МКЦ, а продолжи во Универзална сала, велат од Авалин продукција
„Историјата кажува дека први наши концерти таму беа концертите со Мишо Ковач, но евидентно најуспешниот проект некогаш воопшто направен во Универзална сала, од нејзиното постоење, па се до нејзиното затворање беше токму нашата пријателка Данијела Мартиновиќ, со која Авалон Продукција распродаде неверојатни 11 Универзални сали во само 2ипол години“, додаваат од Авалон.
Данијела и денес е една од најголемите хрватски ѕвезди, активна и актуелна со нови албуми и безброј хитови, па време е за нејзин концерт во Македонска филхармонија, додаваат од Авалон.
Таа и нејзиниот бенд на 17 март премиерно, за прв пат во Македонска филхармонија ќе одржат концерт.