Битола ќе пулсира со нов ритам на 19 јули, датум што веќе е впишан во музичкиот календар како ден кога Војаж конечно пристигнува со свое големо шоу во срцето на градот, односно на Ракометното игралиште.
„Војаж, најгласниот, најстримуваниот и најследениот артист на новата генерација, со армија фанови ширум Балканот, со милионски прегледи на дигиталните платформи и со репутација на артист кој поставува нови стандарди, пристигнува во Битола со целосно авторско шоу, подготвено по највисоки сценски, визуелни и продукциски стандарди.
Тој е симбол на новото време и артист кој ја спојува уличната култура со современата музичка продукција, а неговите песни не се само хитови, тие се гласови на генерацијата која расте во свет без граници, но со јасна визија.
Сет-листата ќе ги опфати најголемите негови хитови, меѓу кои „Гад“, „Лалала“, „Танго“ кои веќе одамна се дел од колективната меморија на младата публика. Секоја песна е приказна, а секој концерт искуство кое ќе се памети.
На една сцена – музика, визуелно лудило, енергија што гори до последниот рефрен и публика што ќе вибрира до самиот крај“, истакнува организаторот.