Кошаркарот на Партизан, Никола Пековиќ доживеа срцев удар

Поранешниот кошаркар и актуелен претседател на Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора, Никола Пековиќ, имал благ срцев удар, поради што неколку дена поминал во Заводот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“. Сепак, Никола сега се чувствува добро.

„ Пред месец и пол, Никола почувствува проблеми со срцето, поради што отиде во болница. Тогаш било констатирано, како што рекоа, дека имал поблаг тип на срцев удар. Ова беше и причината што тој помина неколку дена во болница, каде што беа направени сите дополнителни испитувања“,  вели изворот и додава: „Никола сега се чувствува добро, прими одредена терапија и сега живее сосема нормално. Исто така, евидентно е дека во последно време се здебели малку повеќе, па сето тоа заедно придонесе да има проблеми со срцето. Секако најважно е што сега е добро“, вели изворот. 

Никола Пековиќ е роден на 3 јануари 1986 година, а својата кошаркарска кариера ја започна во Атлас. Играше за Партизан, Панатинаикос и Минесота каде ја заврши кариерата во 2017 година. За време на играчките денови имаше големи проблеми со повредите, а во неколку наврати истакна дека долго време ги чувствувал последиците од корона вирусот што ги имал за време на пандемијата.

Scroll to Top