Костадин е момчето што застана меѓу Анастасија и Луна Џогани

Анастасија Ражнатовиќ и Луна Џогани се зближија како деца, а цели 13 години биле нераздвојни. Но, пријателството конечно заврши пред две години, а како причина се наведуваше поранешното момче на Анастасија, Костадин Терзиќ.

Се шпекулирало дека Луна наводно се гледала со Костадин и додека бил во врска со Анастасија, а таа, сепак, во шоуто „Задруга“ раскажа целосно поинаква приказна. Како што изјавила таа, Анастасија дозволила да ги раздвои момче што во тој момент ѝ било поважно од неа.

„Таа дозволи да нè раздели личност што во тој момент ѝ била важна – маж. Не можам да кажам дека бев совршена, но мислам дека не требаше тоа да го дозволи. Ние денеска минуваме една покрај друга како да не се знаеме. Мене тоа ми е тажно, но јас не посакував така. И двете делевме буквално сè, па дури и долната облека, а утредента сме како двајца странци“, раскажа Луна.

Во желбата новинарите ја дознаат вистината ја прашаа Анастасија за причините за расправијата со Луна, а нејзиниот коментар и реакција видете ги на следниот линк:

 

Scroll to Top