Крајот со Грашо беше неизбежен: Даниела Мартиновиќ проговори за разделбата

Хрватската пејачка Даниела Мартиновиќ првпат јавно проговори за раскинувањето на 24-годишната љубовна врска со Петар Грашо.

 

За хрватскиот магазин „Глорија“, Даниела вели дека разделбата била неизбежена и покрај толку години минати заедно.

 

„Не можете да го спречите моментот кој е неизбежен. Но, сѐ она што беше меѓу нас е убаво минато и јас не сакам да плукам по нашата врска, иако сешто се пишува сега за нас, особено за него“, вели хрватската пејачка. По раскинувањето со Даниела, Петар Грашо почна врска со 15 години помладата Хана Хуљиќ, ќерка на музичарот Хончи Хуљиќ.

Scroll to Top