Кралот на Инстаграм во Црна Гора Црни, се кандидира за претседател

Кралот на Инстаграм во Црна Гора, Ранко Ѓуришиќ Црни, реши да се кандидира за претседателските избори во земјата.

Бизнисменот од Подгорица тврди дека ја има поддршката од народот и дека сигурно ќе ги победи неговите противкандидати, па дури и ако станува збор за Мило Ѓукановиќ кој не ја исклучи можноста да влезе уште еднаш во трката за прв човек на земјата.

Црни, кој е познат и по тоа што се забавуваше со поранешната членка во шоуто „Фарма“ Кристина Чанковиќ, изјави дека неговата партија ќе се вика  „Партија биро за неработење“ и вели дека ќе даде се од себе за да ги исполни сите барања на граѓаните во оваа земја.

Како што изјави тој за медиумите голема поддршка и популарност има и во околните земји, меѓу која е и Македонија.

Претседателот на Собранието на Црна Гора, Иван Брајовиќ изборите ги закажана на 15 април, а на истите можност за повторно кандидирање нема да има актуелниот претседател Филип Вујановиќ, кој оваа функција ја извршуваше во претходните два петгодишни мандати.

 

Претседателот на Црна Гора се бира на општите избори, непосредно и со тајно гласање, на пет години. За претседател на Црна Гора ќе биде избран кандидатот кој ќе добие повеќе од половина важечки гласови на гласачите кои гласале. Ако ниту еден кандидат не го добие тој број на гласови, се одржува втор круг на избори за 14 дена.

Како е предвидено со Законот, во вториот изборен круг ќе учествуваат двајца кандидати кои добиле најголем број на гласови. Потенцијалните кандидати за претседател на Црна Гора ќе мора да соберат најмалку 7.932 потписи поддршка.

Според Законот за избор на претседател, кандидатурата може да ја предложи политичката партија или група граѓани, врз основа на потписи на најмалку 1,5 отсто од вкупните запишани гласачи, кои се сметаат според податоците од изборите кои претходеле на одлуката за распишување на избори.

 

 

Scroll to Top