Кристина Ковач по критиките за фотката со седа коса и брчки: Жално е што жените мислат дека не се доволно убави без филтри

Српската пејачка и композиторка Кристина Ковач (46) пред неколку години се повлече од јавноста и замина во Шведска, во потрга по подобар живот и заработка.

Таа пред неколку дена објави фотографија со својата ќерка, која предизвика бурни реакции на сметка на нејзиниот физички изглед, но наиде на поддршка од останатите жени и девојки.

Неколку дена потоа пејачката се огласи и испрати силна порака до сите жени.

„Како да почнам? Она што се случи за помалку од 24 часа е, со еден збор, чудо. Пред сѐ, сакам да се заблагодарам на поддршката која стига од сите страни на регионот, а по вчерашната хистерија од медиумските интернет портали кои од мојата опуштена слика со ќерка ми, од летување, направија таблоидна сензација. Значи, трулежот е во окото и душата на набљудувачот. И тоа не би бил некој проблем, да таквиот трулеж не е во позиција секој ден од нашите животи крои јавно мислење во регионот. И тоа влијае на милион жени, девојки и девојчиња ширум регионот па тие се срамат и деградираат ако не се доволно средени,оперирани,  обликувани,  бојадисани и вештачки.

Не. Не прифаќам. Во свое име, во името на своите ќерки, во името на сите жени од Балканот.

Вредноста на една жена не лежи во тоа колку време пари посветила или не посветила на својот изглед, кај хирурзи, козметичари, персонални тренери, инстаграм филтри, ниту некогаш ќе лежи во тоа, колку и да го сакаат тоа медиумите од регионот.

Вредноста на една жена лежи во нејзината сила,  интелигенцијата, амбициите, издржливоста. Во нејзиното не откажување. Во неизмерниот талент да сака и дава, во неверојатната способност да пружи утеха кога е најпотребна. Во нејзината храброст да померува и планини, да симнува ѕвезди од небо поради своето дете, поради мажот, поради љубовта, поради сонот.   Жени, девојки, да се обединиме во борбата за слобода и правото да бидеме такви какви што сме!“, напиша таа во својата објава.

Таа ги повика сите жени да објават свои фотографии во релаксирано издание на своите профили на социјалните мрежи, под хаштагот #ПрироднаЖена. Додека од мажите побара да ги поддржат своите жени, мајки, сестри, ќерки објавувајќи нивни фотографии во опуштено издание по сопствен избор, со хаштаг #ILoveNaturalWife

По што се огласија многу луѓе, како од јавниот свет, така и корисници на социјалните мрежи, кои започнаа да објавуваат фотографии во нивното природно издание со деца.

Scroll to Top