Крокодил во вир, покрај контејнер во Ниш во Србија. Ваква сцена ги вознемирила жителите кои помислиле дека се работи за живо животно и ги алармирале службите и полицијата.
„Граѓаните пријавија дека на улица во Ниш има крокодил. Екипа волонтери од Здружението Зоо Планет веднаш излезе на терен и констатира дека се работи за препарирано животно. Волонтерите ја известија полицијата, бидејќи со закон е забрането да се чуваат препарирани животни кои се загрозени и се на списокот CITES“, соопшти Зоо Планет Ниш.
View this post on Instagram
Излегла и полицијата.
„Полицијата излезе на терен, спроведена е постапката и информирани се надлежните институции. Препарираното животно е преземено, а случајот е успешно расчистен. Им благодариме на сите граѓани за пријавувањето и соработката, како и на волонтерите и полицијата за брзата реакција. Доколку забележите слични случаи, задолжително пријавете ги до надлежните служби“, додаваат оттаму.