Поп-пејачката Наташа Беквалац неодамна во полиција ја пријавила својата куќна помошничка, М.Ж, оти ѝ украла 200 евра од паричникот, пишува српскиот портал „Стори“. Жената го чистела станот на Наташа скоро една година, а пејачката ја ангажирала по препорака на свои пријатели.
„Наташа веруваше дека жената што ја ангажирала е чесна и лојална, а се испостави дека цело време ѝ крадела пари и од станот и од паричникот. Неколку месеци откако ја ангажирала да чисти, Наташа почнала да се сомнева дека некој ѝ зема пари од дома, но досега не помислила дека тоа може да е 50-годишната помошничка“, рекол за „Стори“ извор близок до пејачката.
Наташа, според порталот, ја повикала чистачката и пред таа да си замине забележала дека наместо 900, во паричникот има 700 евра, по што повикала полиција. Полицијата ја испитала жената, а таа признала дека ги украла парите. Им покажала дека ги скрила во фиоката под приборот за јадење и рекла дека планирала да ги земе оттаму пред да си оди.
Полицијата по службена должност покренала тужба против жената.