Кумот на Брена и Боба има 35 деца ѝ е најбогатиот спортист во светот

Романецот Јон Цирјак се смета за најбогатиот спортист на сите времиња, чија заработка се проценува на 2 милијарди долари. Тој е единственот поранешен спортист кој се нашол на листата на милијардери и е најбогатиот човек во светот на спортот на сите времиња.

Цирјак, кој на овие простори е познат по тоа што е кум на српската пејачка Лепа Брена и нејзиниот сопруг Бобо Живојиновиќ, парите не ги заработил само од играњето тенис.

Особено не од турнирите. Цирјак нема често освојувано пехари за време на својата кариера. Во сингл-мечевите го освоил само Минхен во 1970 година, а истата година го освоил и Роланд Гарос во мечевите во двојки.

Во мечевите во двојки освоил вкупно 22 титули, но речиси сите пари ги направил по завршувањето на кариерата. Бил успешен агент на неколку тенисери, вклучувајќи го и Борис Бекер во периодот кога Германецот беше број 1 во тенискиот свет. Меѓу попознатите спортисти ги претставувал и Штефи Граф, Марат Сафин, Горан Иванишевиќ.

Имал одлична заработка, но најголемиот дел од своето богатство Цирјак го стекнал по деведесетtите години. Тој е роден во градот Брашов во Трансилванија на 9 мај 1939 година. На 15 години работел во фабрика за камиони. Тогаш му било дозволено да работи шест часа дневно, наместо осум, за да може да игра хокеј.

Цирјак бил професионален хокеј играч уште пред да игра тенис. Учествувал и на Олимписките игри во Инсбрук во 1964 година. Подоцна влегол во светот на тенисот, а потоа почнала и неговата бизнис-кариера. Цирјак препознал што значи падот на Берлинскиот ѕид за човештвото, па по режимот на Николае Чаушеско, се вратил во Романија.

Бил свесен дека капиталот од Западот ќе почне да се шири во сиромашните земји како што е Романија, па користејќи ги своите контакти кои ги имал во Германија, успеал да стане застапник на компанијата „Метро АГ“, а потоа и на компанијата „Мерцедес“.

Парите ги вложувал во осигурителни компании, приватна банка (која му го донела најголемиот дел од богатството), авиокомпанија и туристичка агенција. Денес има вработено преку 20.000 луѓе, а е директор на тениски турнир во Мастерс во Мадрид. Цирјак вели дека има желба овој турнир да го издигне на ниво на грен-слем турнир.

Освен деловниот, Цирјак има и бурен приватен живот. Тој денес живее во Монте Карло со своите три деца кои ги добил во брак. Но, вели дека има 32 вонбрачни деца, а исто така се грижи и за 300 напуштени деца, за кои има изградено вистински мал приватен рај во Брашов.

Јон на овие простори е познат како голем пријател на Брена и Бобо, во мај во 2014 година, за време на големите поплави кои се случија во Србија, донирал 100.000 евра помош за загрозените.

За многумина љубители на тенисот по завршувањето на Ролан Гарос, една од главните теми е нивната заработка. Рафаел Надал, победникот на турнирот, си замина во својата кралска палата на Мајорка со 2,250.000 евра. Тим добил 1.180.000 евра, а Ѓоковиќ и Федерер се збогатија за дополнителни 590.000 евра како полуфиналисти.

Ова се пари кои порано тенисерите можеле само да ги сонуваат. Тие кои играле тенис во периодот во седумдесеттите години и кои ги освојувале турнирите заработувале за денешно време симболична сума пари.

За споредба, Роџер Федерер, кој е втор на листата на најбогати тенисери во светот, има заработка од 450 милиони долари. Богатството на Новак Ѓоковиќ се проценува на 200 милиони долари, а на Рафаел Надал на 180 милиони долари. Но, кога Новак, Роџер и Рафа ќе се спојат, тројцата не можат да го имаат ни половина од богатството на Јон.

 

Scroll to Top