Кустурица е рок-ѕвезда во Јапонија

Емир Кустурица, човекот кој на светот му е познат како исклучителен режисер, во Јапонија е вистинска рок-ѕвезда.

Викендов тој и неговиот бенд „Ноу смоукинг оркестра“ одржаа концерт во Токио на кој присуствуваа над 3.000 луѓе. Јапонците ги обожаваат Куста и неговата музика, а ни тој не е имун на нивните еуфорични извици на поддршка, па најавува настапи уште во неколку јапонски градови.

Scroll to Top