Лаќа Радуловиќ погребан покрај мајка му Марина и братот Милош на гробиштата во Белград

Текстописецот Милан Лаќа Радуловиќ денеска беше погребан на гробишата во Белград, покрај неговата мајка Марина Туцаковиќ и братот Милош.

Таткото на Лаќа, Александар Радуловиќ Фута не сакал да се направи обдукција на неговиот син, по што Милан беше погребан седум дена по неговата смрт.

Последен поздрав за Лаќа испратија познати личности од српската естрада како Мира Шкориќ, Жика Живановиќ, Зорана Павиќ, Дара Бубамара, Ана Бекута, Саша Матиќ, Наташа Беквалац и други.

Да потсетиме, пријател со кој Лаќа бил во Израел го пријавил неговото исчезнување 3 дена пред да биде пронајден мртов. По посетата на 12 декември на библиотеката на првиот израелски премиер и некои други знаменитости, му се губи секаква трага на Лаќа, а бидејќи е странски државјанин, во истрагата се вклучи и Интерпол.

Милан беше пронајден на 13 декември во Израел, а телото беше пренесено во форензички центар во друг град без формална идентификација. На 20 декември беше потврдено дека пронајденото тело е Милан Радуловиќ Лаќа.

Scroll to Top