Легендарниот кошаркар Жарко Паспаљ доживеа мозочен удар

Легендарниот кошаркар Жарко Паспаљ, дожевеал мозочен удар за време на престојот во Сан Антонио, а најголемата поддршка ја добил од трофејниот тренер на „Спарс“, Грег Поповиќ.

Според пишувањата на новинарите, 51. годишниот Паспаљ сега се чуствувал добро, и за него се грижат лекарите, како и Поповиќ кој во 1989 година го донесе во НБА.

Жарко Паспаљ со Владе Дивац и Дражен Петровиќ

Паспаљ ноќта ја минал во болница, а таму го посетил и некогашниот негов соиграч Владе Дивац, сега спортски директор на „Сакраменто кингс“.

За потсетување, Паспаљ и пред ова имаше проблеми со срцето, односно два срцеви удари.

Во текот на својата богата кошаркарска кариера тој играше за многу познати клубови ,  а со „Партизан“ ја освои СФРЈ титулата.

Scroll to Top