Лекарите ѝ ја спасија раката на водителката на „Пинк“

По повеќечасовна операција, тимот на лекари специјалисти успеа да ја спаси раката на водителката на „Пинк“, Деа Ѓурѓевиќ. Деа утрово доживеа страшна несреќа на Дедиње, во која доживеа тешка повреда на раката.

Тимот на лекари, меѓу кои бил и доктор Бумбаширевиќ, вели дека операцијата минала во најдобар ред и дека со колегите успеале да ја повратат циркулацијата во откинатиот екстремитет.

„Деа денеска излезе од операционата сала околу 14 часот. По повеќечасовните зафати, со лекарскиот тим успеавме да ѝ ја вратиме циркулацијата во раката“, изјавил Бумбаширевиќ.

Очевидците кои се нашле на местото на несреќата велат дека прво дошло до судар меѓу патничкото возило кое го управувала Деа со друг автомобил. Водителката излегла на тротоар за со другиот возач ја провери и утврди направената штета. Додека водителката стоела на тротоарот на неа налетал градски автобус.

Водителка на „Пинк“ тешко повредена во сообраќајка

Scroll to Top