Леонардо ди Каприо донираше 10 милиони долари за поддршка на Украина

Леонардо ди Каприо донираше 10 милиони долари за поддршка на Украина, земја за која е длабоко приврзан бидејќи неговата баба Хелена Инденбиркен била родена во украинскиот град Одеса како Јелена Степановна-Смирнова.

Оттаму со родителите емигрирала во Германија во 1917 година, каде што е родена мајката на Ди Каприо, што многу влијаело на неговото воспитување, што актерот го истакна во неколку интервјуа во минатото, објави германскиот „RTL exclusive“.

Но, Ди Каприо бил многу близок и со баба му, која од самиот почеток го поддржувала во кариерата. Хелен Инденбиркен, која починала во 2008 година на 93-годишна возраст, се појавуваше речиси до крајот на животот со својот внук на премиерите на неговите филмови.

Актерот немал намера да се дознае дека издвоил дури 10 милиони долари за поддршка на Украина. Веста ја пренесе Меѓународната фондација Вишеград, проект на Вишеградската група чија цел е финансиска поддршка на меѓународните иницијативи.

Во биографијата на актерот и продуцент, кој шест пати беше номиниран за Оскар, а наградата ја доби за улогата во филмот на Алехандро Гонзалес Инариту „Revenant“, со години пишува дека по професија е актер и еколог.

Ди Каприо долго време е вклучен во иницијативи посветени на борбата против климатските промени. Во 1998 година, како 25-годишен, тој со своето семејство ја основаше Фондацијата „Леонардо ди Каприо“, која го поддржува „одржливиот развој низ целиот свет“.

Scroll to Top