Лепа Брена: Долго време се борев со болести, сега сум добра

Фолк-ѕвездата Лепа Брена гостувајќи во една емисија откри дека се снима документаррен филм за нејзиниот живот.

„Филмот ќе открие многу работи за мене кои до сега не се знаеле. Ќе се вика „Не дозволувај да те украдат од мене“, а ќе ја прикаже мојата кариера од 1982 до 1992 година“, рекла Брена во интервјуто.

Таа во истото интервју открила дека долго време имала различни здравствени проблеми, но дека тоа време е минато.

„Долго време се борев со болести, сега сум добра .Скршив рака и морав да правам две операции. По шест месеци повторно паднав на истата рака и го скршив лактот, па морав да одам пак на операција. Одлучив да забавам малку бидејќи имам и тромбоза, која бара да мирувам, а јас не го умеам тоа. Не смеете многу да се заморувате ниту да бидете во претопли простории, но добро е да консумирате по малку вино за циркулација“, додала пејачката.

Scroll to Top