Лепа Брена и Бобо Живоиновиќ: Во политика не се мешаме, естрадата и тенисот е водата во која пливаме

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ ретко даваат заедничко интервју, а уште поретко јавно зборуваат за успешните бизниси кои ги постигнале низ децениите. Но, на едно од нивните последни интервјуа двајцата отворено зборуваа за кризите, успесите и неуспесите во работата и семејството.

Објаснија зошто никогаш не се вклучиле во политиката и не поддржале политичар или некоја политичка партија.

„Во 1991 година се распадна Југославија. Боба се повреди на мечот еден меч по што го однесоа во болница на носилки. Јас бев бремена во петтиот или шести месеци. Тоа беа тешки времиња. Но, тогаш почувствував сила затоа што за прв пат имав некој до мене кој ми беше поддршка. Го добивме синот Стефан. На мене и на Боба ни даде нова смисла на животот. Морам да признаам дека тоа беше еден од најтешките периоди во нашиот живот. А од друга страна ми се случи најубавото искуство во живот, да имам свое дете и да имам некој што ќе го сакам и кому ќе можам да му кажам сè. Да имам некој кој ќе ми даде сила и енергија. Порано имав многу луѓе околу мене, но бев некако сама и емотивно неисполнета“, рече Брена.

На тоа Боба се надоврза велејќи дека кога се повредил сфатил дека се работи за сериозна повреда и дека најверојатно тоа ќе биде крај на неговата кариера.

„И така на триесет и нешто години одеднаш немав тренинзи и натпревари. А животот допрва почна. Малку се спортистите кои изградиле бизнис по завршувањето на спортската кариера. Јас и Брена имавме среќа. Во мое име можам да кажам дека заработив многу повеќе како бизнисмен отколку како спортист. Тоа не беше лесно.Можеби имавме среќа што покрај сите компании основани од Брена и Саша Поповиќ беше и најголемата дискографска куќа на Балканот“, рече Боба.

Брена објасни дека Гранд е направен благодарение на фановите и Боба.

„Го направивме тоа благодарение на вас. Треба хронолошки да кажете што сте направиле и од каде се финансиските средства. Јас и Саша почнавме со некоја идеја да создадеме нешто во 1998 година. Сакавме да создадеме компанија каде што луѓето ќе доаѓаат да пеат. Не знаевме како ќе биде. За да биде глобално како „Раи Уно“, ни требаа сериозни пари. Затоа што кога ќе отвориш таква компанија, ти требаат неколку милиони само за да почнеш“, рече Брена.

Боба истакна дека поентата во животот и во бизнисот е да се има добар тим.

„Ако имаш добар тим, ќе имаш и успех. И ако веруваш во него. Ако работиш нешто, тоа треба да го направиш на најдобар можен начин, или воопшто не го почнувај. Јас се водев од тие работи“, рече Боба додаде дека сите компании кои ги имале со Брена, половина биле негови половина на нејзини.

Боба се потсети на денот кога им изгоре целото студио во кое вложиле многу пари.

„Кога ја изградивме нашата продуцентска куќа и почнавме со работа, по неколку месеци се јави Саша Поповиќ и ни рече дека целото студио ни изгорело. Му реков дека ќе го направиме подобро и поголемо“, дополни пејачката

Зборувајќи за семејството, Боба Живојновиќ истакна дека тоа е нивниот најголем успех.

„Нашиот најголем успех е семејството кое преживеа. Децата кои сега почнуваат сопствен бизнис. Ние како родители сме тука да им помогнеме да си го најдат патот. Децата на успешните родители имаат проблем да се пронајдат себеси. Најмногу би сакал Филип, Виктор и Стефан да играат подобар тенис од мене, или подобро да пеат од Брена. Што не е лесно. Не се тие криви што сме тие што сме. Не се тие криви што живееме во куќа од илјада квадрати, која започнавме да ја градиме во 60-тите“, рече Боба.

На прашањето како успеале да оддолеат на притисоците да поддржат некој политичар или политичка партија, Боб и Брен рекоа дека тоа не е поле што ги интересира.

„Познаваме многу политичари. Но поентата е да знаете до каде ќе одите за да останете независни, дека секогаш можете да кажите што сакате, да правите што сакате и дека никој ништо не ви може. Секако дека имаше притисоци, но, ние не сакаме да се мешаме во политика. Забавата и тенисот е нашата вода во која пливаме. Ја сакаме нашата земја и работиме и надвор од неа, но, ова е нашата база на која работиме“, рекоа тие.

Брена рече дека не постои пејач или пејачка кои во исто време биле успешни и во политиката.

„Луѓето во овој регион се јасно определени кога станува збор за овие работи. Имавме примери, нема да споменам, каде пејачите се обидуваа да се занимаваат со политика, но тоа е многу неуспешна комбинација кај нас. Никогаш не би сакала мојот бренд да го ставам во каков било политички контекст“, рече Брена.

Scroll to Top