Лепа Брена имаше спектакуларен концерт во Софија

Фолк ѕвездата Лепа Брена минатата недела одржала спектакуларен концерт во Бугарија на „Армец Арената“, а како и во 1990 година, кога со хеликоптер стигнала на својот концерт на кој поставила и рекорд, Бугарите ја дочекаа како кралица.

Нејзиниот специјален гостин биле нејзиниот син Стефан Живојиновиќ, а за нејзината среќа дополнително допринел и фактот што членовите од семејството беа покрај неа.

„Среќна сум што имам нов албум, кој публиката сака да го слушне во живо. Концертот во Софија беше за паметење. Врвна продукција, публика која дава и возвраќа љубов, подготвена екипа на музичари и играчи. Прекрасно чувство на уигран бенд и сите останати учесници, кои даваат чувство на величественост, која се чувствува на концертот. Мојата публика тоа го заслужува по сите овие години на поддршка и љубов“, вели Брена по спектаклот.

„Се чувствувам како нова, како среќна жена. За прв пат се престави и Стефан, кој беше прмен со голема поддршка. Прекрасно е чувството кога со вас се и членовите од семејството на турнејата. Ние сме веќе на пат за Америка каде ќе бидеме на турнеја цел април“, порачува Брена.

 

 

Scroll to Top