Лепа Брена ја изнајмува вилата за 1.000 евра дневно

By

Фолк-пејачката Лепа Брена ја изнајмува вилата за 1.000 евра дневно. Нејзините пријатели велат дека таа има чувство за бизнис и знае како да направи пари од нејзините идеи. Таа го искористила својот дом и почнала да го издава, додека е на пат низ светот.

Некогашната сопственичка на „Гранд“ ја отстапила нејзината вила на агенција која се занимава со изнајмување објекти, поконкретно за снимање  реклами, серии, филмови, спотови и останата телевизиска продукција да најде клиент за изнајмување. Таа ќе зема кирија од1.000 евра дневно.

Извори блиски до пејачката велат дека таа и нејзиниот сопруг Бобо се договориле да го изнајмат целото приземје. Брена важи за личност која не штеди и знае како да го искористи целиот потенцијал и во најтешките моменти.

За нејзината вила има доста заинтересирани клиенти. На многумина им се допаѓа внатрешниот луксуз, но деталите за изнајмување се држат во строга тајност. Во последните шест месеци се шпекулирало за тоа дали Брена планира да го продаде својот дом.

Таа ги демантираше ваквите шпекулации и изјави дека нема намера да се ослободи од своето место на живеење. Засега само е решена да го искористи местото во кое живее повеќе од три децении за изнајмување, додека е на пат низ светот.

 

 

Ќе ви се допадне

TwistMoe Watch anime online, English anime online HD

Watch anime online for free at ANIMEFLIX animeflix boku no hero

WCOStream: Pokemon: The Movie 2000 anime episode Full online free at https://wcostream.cc anime stream

4Anime Watch english anime Online in HD for FREE

Tourism gov: https://www.tourism.gov.za/Lists/Site%20Feedback/DispForm.aspx?ID=143955

Zintro: https://www.zintro.com/profile/zid408d375?ref=Zid408d375