Лепа Брена на свадба кај хрватски бизнисмен пеела за 30.000 евра

Лепа Брена на свадба кај ќерка на хрватски бизнисмен пеела за 30.000 евра, пишуваат српските медиуми.

Според пишувањето, нејзиниот настап на приватни забави е убедливо најскап. Настапот на Лепа Брена траел до по полноќ. Гостите ја поздравиле со аплауз, пееле и играле на нејзините песни, а многумина и се фотографирале со пејачката.

На свадбата за претприемачката Мартина Равлиќ Маријановиќ, која е ќерка на успешен хрватски бизнисмен, покрај Лепа Брена пеел и хрватскиот пејач Петар Грашо. Извор од музичката индустрија за Јутарњи вели дека тој не настапува премногу на приватни забави, туку претпочита да доаѓа на свадби и да пее песна или две.

„Грашо ти ги плаќа десетте минути што ќе ги пее, ни помалку ни повеќе од 2.000 евра“, тврди изворот.

Инаку, на интернет може да се најде и веб-страницата на агенцијата Ларис од Загреб, со чија помош може да се ангажира музичка или друга ѕвезда.

Како што неодамна објави „Слободна Далмација“, Северина сака да пее на приватни забави и свадби, но исклучиво во Црна Гора. Цената на нејзиниот настап не е универзална, туку се договара поединечно. Заедно со Лепа Брена, едни од најскапите настапи се оние на Аца Лукас и Халид Бешлиќ, а нивните цени се движат од осум до десет илјади евра. Популарниот Харис Џиновиќ е само малку поевтин, со цена од 5.000 евра.

 

 

 

 

Scroll to Top