Лепа Брена не штеди за свадбениот подарок на Филип и Александра

Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ набргу ќе го изговорат судбоносното „да“, а Лепа Брена и Бобо планираат младите да ги израдуваат со скапоцен подарок.

Како што пишуваат српските медиуми, Лепа Брена и Слободан ја подготвуваат свадбата на младите, но не штедат ниту на подарокот. Одлуката била донесена, младите од нив ќе бидат дарувани со стан.

Извор близок до семејството за ВИП открива дека славните сопружници дошле на оваа идеја набргу кога идните младенци им соопштиле дека планираат венчавка.

„Со оглед на тоа дека Филип и Александра се две години во врска и многу се сакаат, Брена и Бобо неколкупати ги прашаа кога ќе се земат. Иако не им вршеа притисок, ни едниот ни другиот не криеја дека би сакале првенецот на Бобо што побргу да го видат оженет, особено затоа што неговата избраничка многу им се допаѓа и со неа одлично се согласуваат“, вели изворот и додава дека познатиот пар, штом дознал за свадбата, веднаш започнал со сите подготовки.

Сите зборуваат за гала-свадба со 500 гости, што Брена јавно и потврди, но тоа не е сѐ што Филип ќе добие. Бобо и Брена се договорија да купат голем и убав стан на име на Филип на локација што тој и Александра ќе ја одберат, посочува изворот на ВИП и нагласува дека Брена не штеди пари кога се работи за трајно вложување.

 

 

 

Scroll to Top