Лепа Брена се огласи на социјалните мрежи откако дозна за загубата на нејзиниот колега и голем пријател Бранислав Мијатовиќ Мија, тапанарот од групата „Слатки грех“.
Мијатовиќ кој беше еден од основачите на групата во која фолк пејачката ја почна кариерата, почина вчера по долгата и тешката битка со болеста, пишува Ало.рс.
„Последен поздрав до мојот драг тапанар Мија, човекот кој со својата енергија и љубов кон музиката, даде допринес во нашиот заеднички успех, а со својата добрина и животна енергија, постигна да сите уживаме во заедничката соработка. Почивај во мир мој драг Мијо и се надевам дека сега си на подобро место каде владее љубов и хармонија“, напишала Брена и објавила нивна заедничка фотографија, од деновите кога настапувале заедно.
Брена тешко го поднесе губењето на својот колега. Таа на својот „Инстаграм“, објави видео од времето кога свиреле на естрадата.
Пред распадот на нивниот состав, кој на крајот на осумдесетите години и во првата половина на деведесетите, беше еден од најпопуларните на просторите на поранешна Југославија, Мијатовиќ, заедно со својот кум, гитаристот Зоран, продолжи да работи со бендот кој го задржа името.
„Освен што беше врвен музичар и еден од најдобрите тапанари во Србија, Мија беше и голем човек, пријател, љубител на уметноста“, велат неговите колеги.