Лепа Брена со следбениците на Инстаграм сподели фотографии од одморот.
За првиот годишен одмор таа се одлучи за егзотичниот Тајланд, а на патувањето и се придружија сопругот Слободан Боба Живојиновиќ, синот Виктор и неговата девојка Софија Спасојевиќ и долгогодишната пријателка и соработничка на Брена, Ката Томовиќ.
64-годишната пејачка објави неколку фотографии, но и видео на кое се гледа како плива во базенот, потпрена на грбот на Боба. За фотографирањето избрала црвен костим за капење, а го комплетирала со голема капа во иста боја и очила за сонце.
Нејзиниот син Виктор пред неколку дена објави дека престојуваат во Азија и сподели неколку фотографии од нивниот егзотичен одмор. Тој особено ја истакна атмосферата на тајландските плажи и сними традиционална храна во нивните ресторани.