Лепа Брена: Собрав храброст и го бакнав Бјелогрлиќ

Балканската ѕвезда Лепа Брена неодамна првпат призна дека ѝ било многу непријатно кога требала да се бакне со Драган Бјелогрлиќ на снимањето на филмот „Ајде да се сакаме“. Таа ова го опишува како едно од најтрауматските искуства од кариерата.

„Кога дојде на ред сцената во авионот кајшто треба да се бакнеме, јас буквално се одземав. Не ми беше пријатно кога режисерот Станко Црнобрња ми рече дека мора да се бакнеме во уста, филмски. Му реков дека не можам, дека не сум глумица, ама тој ми одговори: “Сега си глумица, не пејачка и те молам тоа нека биде вистински бакнеж, сериозен и професионален“, раскажала Брена.

По овој коментар таа решила да го послуша режисерот.

„Знаев дека не смеам да правам драма, туку стобрав храброст и го бацив Бјела. Ми беше стварно многу непријатно, ама ми падна камен од срцето кога режисерот ми кажа дека одлично си ја завршив работата и дека бакнежот делува природно на камера“, додала пејачката.

Инаку, Брена сними три дела од музичкиот филм „Ајде да се сакаме“ и трите постигнаа голема популарност во регионот.

Scroll to Top