Лепа Брена влегла со нож во домот на сосетката

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ со години живеат во својата вила во елитната белградска населба Дедиње. Неодамна нејзината соседка за српските медиуми освен што раскажала  дека Брена иако е толку популарна, се однесува како секоја нормална линост, таа раскажала и за еден изнцидент кој се случил во нејзиниот дом.

„Имам прекрасен однос со Брена. Често доаѓа кај нас на кафе, зборуваме, се смееме. Нормална и природна жена. Добра е. Одиме и ние кај неа на гости. Си помагаме! Еднаш кога се активира алармот, кај нас дома, таа и Виктор дотрчаа кај мене со нож. Мислеше дека некој сака да краде. Брена е вистинска соседка“, рекла за екипата на „Сцена“  девојка што живее во близина на куќата на Лепа Брена.

Scroll to Top