Некогаш беше поим за убавина. Жена по чиј лик во времето на поранешна Југославија направија дури и кукла Барбика. Но, годините не стојат во место за никого па ниту за пејачката Лепа Брена, која очигледно нема потреба да ги крие трагите на староста.
Имено, Брена на „Инстаграм“ прикачи фотографија на која нема ниту грам шминка на лицето, а можат да се забележат сите нејзини недостатоци. Следбениците кои ги има на социјалните мрежи веднаш пламнаа дека Брена изгледа како страшило и стара баба. Некои, пак, застанаа во одбрана на пејачката и ги искритикуваа оние кои немаат граници на својата вулгарност во коментарите.
Денес пејачките ретко се покажуваат во природно издание и без фотошоп, но Брена себеси се прикажува токму онаква каква што е, со сите мани и доблести.