Лепа Брена закажа концерт во Белградска Арена

Најголемата балканска музичка ѕвезда Лепа Брена, конечно го закажа концертот во белградската Арена!

Брена големиот спектакл го закажа за 20 октомври оваа година, а тој датум е важен и за неа и за нејзиното семејство, поради тоа што на тој ден таа го слави нејзиниот роденден.

Концертот во српската престолнина ќе биде последниот во низата на големи светски турнеи под името „Zar je važno da l’ se peva ili pjeva”, која ќе започне на 8 март со концертот во Суботица.

 

Последниот концерт во Арената во Белград пејачката го имала во 2011 година и тоа две ноќи по ред.

Арената тогаш била преполна, а концертот завршил спектакуларно. Брена со хеликоптер стигнала на платото пред Арената, во која имала 20.000 луѓе, кои ја следеле и преку видео бим.

Тогаш со Брена пееле и членовите на „Сладок грев“, предводени од Саша Поповиќ и Лепи Боро. Гостите на концертот биле и Даниел Поповиќ, Владо Калембер, Ален Исламовиќ, Жељко Јоксимовиќ и Хари Мата Хари.

 

Scroll to Top