Српската глумица Лидија Вукиќевиќ неодамна во интервју зборуваше за своите два сина, Андреј и Давид, кои ги има од бракот со поранешниот фудбалер Митар Мркела. Едниот е пилот, а другиот игра фудбал и за нив медиумите одамна пишуваат дека важат за големи заводници. Во интервјуто, Лидија зборува за нивното воспитување, но и тоа дека ги учела секогаш да бидат џентлемни со секоја девојка, дури и оние со кои се за една вечер, бидејќи и тие се нечии ќерки и имаат чувства.
„Не можете да воспитувате деца кога ќе почнат да наоѓаат девојки. Детето се воспитува од моментот кога ќе го добиете, кога ќе го донесете дома од породилиштето. Првото нешто што ги научив синовите кога започнаа да фаќаат девојки беше: ‘Со девојка ако останеш и само една ноќ, без разлика дали ќе ја најдеш во диско, или преку пријатели, треба да ја однесеш дома, да ѝ платиш такси. Мора да си џентлмен. Не можеш да ја оставиш после тоа. И таа е нечие дете. Јас секогаш ги учев моите деца да не бидат себични. Како што сум јас мајка, така е мајка и друга жена. Јас ги почитувам моите деца, но ги почитувам и другите. Секогаш ги учев да бидат такви мажи што ќе ги сакаат сите жени заради нивното однесување, нивните гестови. Им велев: нека ве запомнат засекогаш, бидете вистински мажи, заштитници“, вели актерката.
Таа раскажала и дека целосно им се посветила на своите деца, особено по разводот. Не жали што ја запоставила кариерата заради нив.
„Јас не сум мајката што беше скржава да им се посвети на децата. Мајка ми ми велеше: ‘Ги влечеш насекаде, како кокошки’. И тоа е вистина, јас ги влечев своите деца насекаде и тие беа секогаш со мене. Дури и по разводот, никогаш не излегував, луѓето од моето старо маало го знаат тоа. Јас им се посветив на децата, од нивното раѓање, да ми се пред очи и да знам што може да очекувам од нив. Сега, секогаш нешто може да се случи, може да ги поведе друштвото, но вие треба да се доживотен супервизор. Без наметнување“, рекла Лидија.