Датумот на сликање се помести за во август, кога Љуба ќе отпатува во Лос Анџелес, а како што репортерите уепаа да дознаат за ова, понудени и биле дури 20.000 евра!
Во желбата да ги проверат наведените информации, репортерите ја повикаа, а таа не ја криеше радоста поради тоа што ќе се најде во прочуениот Плејбој.
„Многу сум среќна што сум избрана, од толку убави и згодни жени, за да ми биде понудено сликање и договор за американското издание на Плејбој. Веќе имав закажано две снимања во Лос Анџелес на кои не стигнав да одам поради работата, но сега во август патувам на третиот термин. Треба да работам фотошоп, и да потпишан договор за соработка. Така од моментот кога ме контактираа повикана сум на нивните VIP прослави, така да сега во Америка ќе ја искористам можноста да минам со екипата со која соработувам“, со насмевка изјави Пантовиќ која не сакала да го коментира хонорарот кој и го понудиле.
Да потсетиме, Љуба е повеќекратен државен и балкански шампион, медитерански шампион како и светски вицешампион во боди-фитнес.