Љуба Пантовиќ ќе се слика за американското издание „Плејбој“

Српската шампионка во боди-фитнесот од Америка и стигна понуда на која не можеше да каже не.

Љуба Пантовиќ, наскоро ќе ги спакува куферите, и се упати во Америка, и тоа за да се сликне за американското издание на магазинот Плејбој!

Како што репортерите дознаваат, на Љуба пред неколку месеци и стигна првиот официјален повик од Плејбој, а досега имала веќе 2 закажани снимања на кои поради деловните и приватните обврски не стигнала да оди.

 

Foto: Instagram/ifbb_pro_ljubagold

Датумот на сликање се помести за во август, кога Љуба ќе отпатува во Лос Анџелес, а како што репортерите уепаа да дознаат за ова, понудени и биле дури 20.000 евра!

Во желбата да ги проверат наведените информации, репортерите ја повикаа, а таа не ја криеше радоста поради тоа што ќе се најде во прочуениот Плејбој.

„Многу сум среќна што сум избрана, од толку убави и згодни жени, за да ми биде понудено сликање и договор за американското издание на Плејбој. Веќе имав закажано две снимања во Лос Анџелес на кои не стигнав да одам поради работата, но сега во август патувам на третиот термин. Треба да работам фотошоп, и да потпишан договор за соработка. Така од моментот кога ме контактираа повикана сум на нивните VIP прослави, така да сега во Америка ќе ја искористам можноста да минам со екипата со која соработувам“, со насмевка изјави Пантовиќ која не сакала да го коментира хонорарот кој и го понудиле.

Да потсетиме, Љуба е повеќекратен државен и балкански шампион, медитерански шампион како и светски вицешампион во боди-фитнес.

 

Scroll to Top