Љубовната приказната на најубавиот југословенски филмски пар

За Милена Дравиќ и Драган Николиќ, се велело дека се најубавиот актерски пар во поранешна Југолславија. Во тоа време кога се сретнле , таа веќе беше актерска ѕвезда, а тој на почетокот на својата кариера.

Милена и Драган ги спои филмот. Тие се сретнале за време на снимањето на “Хороскоп” во 1969 година, а две години подоцна, за време на снимањето на “Како су се волеле две будале” во 1972 година  стапиле во брак. А бракот кој траел повеќе од 40 години бил склучен на необичен начин.

„ Во средината на снимањето на филмот, го замоливме режисерот да не пушти на пауза. Ја земавме и нашата кума Сека Саблиќ и отидовме во општина Врачар да се венчаме. По венчавката се вративме на снимањето и продолживме да работиме. Интересно е што немаме ниту една слика од свадбата, никој не не фотографирал„, рече Милена Дравиќ во една емисија.

Николиќ, кој е три години помлад од неа, стана популарен само две години подоцна, во поранешна Југославија со хит серијата “Отписани”.

Брачните другари за кои се зборуваше дека се создадени еден за друг се покажа дека се и одлични професионални партнери. Во продукција на РТВ Белград од 1972 до 1974 година емитувано е нивното популарно шоу “Образ уз образ”.

Во ретките прилики кога јавно зборуваа еден за друг, тие секогаш нагласуваа дека еден на друг се најголема поддршка, но и најстроги критичари.

„Во бракот кој трае четири децении може да се најдат повеќе причини тој да се прекине отколку да опстане. Но, најлесно е нешто да пресечеш и да ставиш крај, многу е потешко да се бориш за зачувување на бракот. Понекогаш и мала караница може да го освежи денот. Понекогаш е потребно да се биде љубоморен, бидејќи тоа е еден од индикаторите на љубовта” – во една прилика истакнал Драган.

И двајцата актери многу успешно ја заштитувале нивната приватност, иако беа најголеми филмски ѕвезди.

– Ја штитиме нашата приватност, зборуваме искрено и ги решаваме нашите проблеми … Јас обично сум отворена личност, зборувам тоа што го мислам, па не предизвикував непријателство од другите – раскажуваше на времето Милена.

Двајцата со текот на годините стекнале навика да го заштитат нивниот приватен живот. Гага Николиќ, духовито на една од забелешките за нивниот брак, прокоментирал дека познаниците на улица, наместо со “здраво” ги поздравувал со зборовите: “Се уште сме заедно.”Иако 44 години во брак, Милена и Драган, немаа деца. Драган Николиќ почина во 2016 година.

Scroll to Top