Љубовниците на Бреговиќ се тепале за музичарот во хотел во Париз

Љубовници на познатиот српски мзуичар Горан Бреговиќ се тепале среде Париз, пренесува српски Курир. Инцидентот се случил, кога водачот на Оркестарот за свадби и погреби најпрвин имал тајна врска со едната, а потоа и со другата девојка. Тој со месеци бил во паралелна врска со двете жени.

Кога едната дознала за другата настанал хаос, се степале па обезбедувањето во хотелот морало да ги раздвои.

„Бреговиќ добро го крие приватниот живот. Се откриваат некои емотивни тајни, но тоа се случува многу ретко. Не се експонира, се грижи каде и со кого се појавува и патува. Сепак, тој не можеше да контролира една ситуација. Станува збор за тоа дека со месеци бил во паралелна врска со две жени. И двете ги сакаше и почитуваше на свој начин и не можеше да ги остави. Нема да навлегувам во тоа каков е неговиот брачен живот. Тој со години е во стабилна заедница со сопругата, но со сигурност можам да ви кажам дека две жени се закрвија поради него. Кога едната дознала за другиот настанал хаос. Како ја добила таа информација, не знам, но ем добро се скарале ем се испотепале, па обезбедувањето во хотелот морало да ги раздвои“, изјавил изворот за Курир.

72 годишниот Бреговиќ има имот во Париз каде престојува. Кога за скандалот дознала неговата сопруга Џенана извесен период не бил во контакт ниту со ниту една од нив, но кога страстите стивнале, тој одвреме-навреме повторно се гледаал со двете љубовници.

Инаку музичарот ја запознал Џенана во 1977 година, кога имала само 16 години.

Scroll to Top