Луѓето ми се чудеа зошто снимам песна со Тоше: Тони Цетински раскажа за дуетот со македонскиот пејач

By

Хрватскиот пејач Тони Цетински во едно скорешно интервју проговори за дуетот што во 2005 година го сними со Тоше Проески. Тој, како и многупати претходно, рече дека со Тоше биле добри пријатели.

dobivaj vesti na viber

„Сакам да им помагам на помладите. Јас го немам тоа его и проблем дека некој ми е закана со својата младост или талент. Тоа беше најактуелно прашање кога ја снимив дуетска песна со Тоше Проески. Некои се прашуваа како и зошто. Зошто не би направил дует со некој што убаво го пее. А потоа таа соработка прерасна во пријателство, што траеше до неговата смрт“, вели Цетински.

Тони во интервјуто додал и дека отсекогаш сакал да соработува со помлади музичари и дека не е суетен човек.

„Ваквиот начин на размислување е старомоден. Некои постари пејачи се држат до тие принципи и внимаваат некои помлади да не ги покријат со своето пеење. Тоа ми е туѓо, јас не знам да функционирам така“, рекол Цетински.

Ќе ви се допадне