Лука Модриќ одмара на луксузна јахта во Дубровник на која еден ден чини 160 илјади евра

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ ужива на луксузна јахта во близина на Дубровник. Фудбалерот по големото и драматично финале на Лигата на нации во кое хрватската фудбалска репрезентација загуби од Шпанија и го освои среброто, заминал на заслужен одмор.

Јахтата „Ферари кастм лајн 120 Еролиа“ на која бил забележан фудбалерот може да собере од 10 до 12 луѓе во пет соби. Еден ден на него чини 160.000 евра, а  осум членови на екипажот се грижат за безбедноста.

Специфичниот модел на јахтата моментално не е достапен за купување.

Надворешниот и внатрешен дизајн е дело на Франческо Пашковски.

Scroll to Top