Лука Модриќ стана татко

Хрватскиот фудбалски ас Лука Модриќ стана татко. Неговата сопруга Вања родила девојче. Ова е трето дете на двојката која неодамна прослави седумгодишнина од бракот. Тие веќе имаат две деца, синот Иван и ќерката Ема.

Фудбалерот на Реал Мадрид изјави дека е пресреќен со приновата и дека неговиот следен гол ќе биде посветен на неговата ќерка.

Scroll to Top