Српската пејачка Наташа Беквалац во емисијата „Премиера – Викенд специјал“ зборуваше за насилството што го трпела додека била во брак со Лукa Лазукиќ. Тоа беше трет брак за неа во кој ја доби и тригодишната ќерка Катја.
„Во тие моменти ја родив Катја и бев многу чувствителна. Тоа беше период кога не ме интересираше што се зборува за мене во јавност. Почнав да водам своја битка, која беше многу стресна и тешка. Но, за мене неопходна. Во прашање беше моето дете. Не ми беше важно што зборуваат другите за мене, а зборуваа многу грозни работи“, рече пејачката.
Беквалац во 2018 година се појави пред Итниот центар во Белград со тешки повреди на лицето и телото, кои ѝ ги нанел бившиот. Тогаш таа тврдеше дека Лука само ја туркал и дека ја искубал, но дека не направил ништо посериозно.
„Не можам да се сетам на некој пристоен збор за да опишам како се чувствував тогаш. Како да не вредам, навистина ужасно. Не би му посакала на ниту еден човек на планетата да му се случи тоа низ што јас поминав. Не сакам многу да разговарам за тоа, ниту да прераскажувам, не сакам да му придавам значење. Би дала сè на светот да го имам сето друго внимание, но не и ова“, рече Наташа.
Пејачката рече дека веќе три години нема никаков контакт со Лука и дека нема намера повеќе да се мажи затоа што бракот за неа повеќе немал смисла.
„Моите критериуми на секојдневно ниво растат, но не затоа што себеси се сметам за дива или недопирлива. Не сакам ништо што е просечно затоа што ниту јас не сум медиокритет“, рече таа.
За потсетување, Лукa ја претепа Беквалац во 2018 година. Двајцата почнале да се расправаат кога таа му ги видела пораките на мобилниот од друга жена, а потоа тој почнал да ја удира и да ја клоца. Во 2019 година судот му одреди затворска казна од осум месеци.