Лукас и Соња се повторно заедно

Аца Лукас и Соња Вуксановиќ наводно повторно се заедно, пишуваат српските медиуми. Двајцата се смириле пред неколку месеци, но досега се криеле од јавноста.

Аца и Соња избегнувале да се појават на јавни настани, но биле видени од папараците во еден ресторан за време на прославата на Божиќ со нивни блиски пријатели.

„Соња и Аца се како рогови во вреќа, но не можат да бидат еден без друг. Таа го сака него, а тој ја обожава неа. Тоа што се разведени нема врска со нивните чувства. Едноставно и двајцата секогаш ќе бидат заедно. Но, сега одлучија љубовта да ја сокријат од новинарите. Тие и понатаму не живеат заедно, но успеале да ги испеглаат сите недоразбирања. Сега сакаат само тајно да се гледаат. Божиќ го прославија заедно со пријателите во еден ресторан. Аца пееше, а Соња уживаше додека го слушаше. Можеше да се забележи дека се заедно и дека се сакаат“, вели извор близок до фолк-пејачот Лукас.

Неименуваниот извор вели дека Лукас неодамна ` помогнал на Соња во отворањето на бутикот. Фолкерот помогнал околу финансискиот дел.

„Дојде пред самиот крај затоа што не сакал да биде упадлив во јавноста. Сега се гледаат помалku од претходно, а Лукас на поранешната сопруга ` помогнал и финансиски околу новиот деловен проект. Засега им е убаво, а i нивната ќерка Викторија е среќна, нешто што на Аца му е многу важно. Вистина е дека се расправаа, летаа пердуви на сите страни. Но, ете си се сврте за 360 степени. Двајцата повторно се заедно. Лукас ја условил Соња да ги исфрли од животот луѓето кои не му одговараат, нешто што таа подоцна го направи. Ваков епилог никој не очекуваше, но тоа е нивниот живот и можат да прават што сакаат“, вели пријателот на Лукас.

Лукас и Соња својата врска ја почнале во 2008 година, а во 2010 се венчале во црква. Во 2011 година ја добија ќерката Викторија. Се разделија во 2018 година, но никогаш официјално не се разведоа.

Соња на 2 септември 2017 година го пријави Лукас дека насилно влегол во нејзиниот стан па ја претепал. Соња успеала да направи фотографии од своите модринки таа вечер во ургентниот центар. Лукас пред судот ја призна вината.

„Во интерес на детето морав да признаам дека го направив тоа што го направив. Госпоѓата тоа успеа да го изведе и јас ѝ честитам. Доколку не направев договор, ќе завршев во притвор, а ќе морав и да докажувам дека тоа не го направив. Се жалев само на еден дел од пресудата, по што добив 18 месеци забрана за доближување до Соња. Јас сакав да добијам доживотна“, изјавил тогаш Лукас за српските медиуми.

 

 

 

Scroll to Top