Лукас и Шашиќ биле пријатели пред да се скараат за Соња

Српските пејачи Аца Лукас и Жељко Шашиќ биле добри пријатели пред да се скараат за Соња Вуксановиќ. Соња и Жељко биле во брак десет години и ја имаат ќерката Софија, која денес живее со мајка си. Но, во 2010 година Соња се омажила за Аца Лукас и ја имаат ќерката Викторија. Бракот на Лукас и Соња завршил минатата година.

Дека пејачите се дружеле, објавил Ненад, пејачот на групата „Близнаци“. Тој поставил слика на својот инстаграм-профил направена пред 17 години. Под неа напишал: „Далечната 2001 година. Жељко пее, Дача, Лукас и јас свириме. Некогаш сè беше како што треба“.

 

Scroll to Top