Магазинот „Џи-кју“ го избра Швајнштајгер за маж на годината

Поранешниот германски фудбалски репрезентативец, Бастијан Швајнштајгер, беше прогласен за маж на годината во светот на спортот од страна на магазинот „Џи-кју“.

На доделувањето на наградата во Берлин присуствуваше и неговата сопруга, српската тенисерка Ана Ивановиќ. Таа на „Инстаграм“ му честита за освоената награда, споделувајќи фотографија од нив двајцата.

На црвениот тепих Ана се појави во долг црн фустан со длабоко деколте, а Швајни облече смокинг.

„Благодарм што ме избравте мене и ѝ благодарам на мојата прекрасна жена Ана. Благодарам за неверојатната ноќ, ова е голема чест“, се заблагодари Бастијан.

Scroll to Top